Автомобил излета од улица во центарот на Велес, заврши во паркот на Рацин

Петар Печков

Ноќеска околу полноќ се случи сообраќајна незгода, автомобил излета од улица и заврши во просторот околу споменикот на Рацин, во центарот на градот. Уништена е една канделабра, дел од оградата на кружен тек, автомобилот има сериозни оштетувања, но не е допрен споменикот.

Според сведоците автомобилот доаѓал од правец на мостот Гемиџии, излетал од патот кај кружниот тек и завршил во паркчето. 

Според полицијата автомобилот бил марка „порше каен“ со германски регистарски таблички. Од  велешката Итна помош, кој прва стигна на местото на незгодата, пренесени се двајца патници во велешка Болница.

„Двајца пациенти со повреди се префрлени на  хирургија. Едниот пациент се жалеше на болки на рамо а вториот на повреди на лицето. Дадена им е неопходна здравствена помош“ – кажа др- Јадранка Мишкова, која била на терен по добиениот повик.  Во незгодата интервенција имаше и велешката противпожарна екипа. 

„Ноќеска околу полноќ по случена сообраќајна незгода, помош побарале пет лица. Трите им е дадена здравствена нега, извршени се претраги и пуштени дома, на нивно барање. Две лица ноќеска се задржани во Болница. Едното лице има скршеница на клучна коска, додека второто има повреди на лицето и главата“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница. 

Двете лица  кои се здобиле со тешки повреди, се на возраст од 35 години од Црквино и 46 години од село Отиштино. Увид извршила екипа на СВР Велес, а истрагата треба да даде одговор за причините, дали пребрзо возење или подмрзнатата улица, на која имало посипано песок.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати