Асфалтиран приодниот пат до Горно Оризари кај Порцеланка

Петар Печков

Жителите на Горно Оризари добија уште еден приоден пат до населбата. освен постојниот од кај Свилара, тие може да го користат и новиот од кај Порцеланка. Тој е во должина од еден километар и неговото асфалтирање заврши пред некој ден.

Вредноста на работите  е 2.85 милион денари од кои 1.64 милион денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, а остатокот од  1,21 милион денари од Општина Велес.

„Претходно со средства од Владата и Општина Велес се изведе делница на патот од  400 метри во вредност од 2,2 милиони денари, а сега 540 метри или 2821 м2 асфалтен слој.  Вториот дел од патот е финансиран  од  Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и Општина Велес за реализација на проектот  „Изградба на пристапен пат до село Горно Оризари“- соопштија oд општина Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати