Петар Печков
Објавено: вторник, 06 мај 2025
Друштво за трговија, транспорт и услуги “МИСА-МГ ТРАНСПОРТ” ДОО Скопје со седиште: ”Павел Шатев” бр.3-лам.3/лок.10 Скопје-Кисела Вода, Кисела Вода, ја доби „Б“ интегрираната еколошка дозвола за работа ан бетонската база. Неа ја издаде Општина Велес.
Инсталација за производство на бетон, е стационарна бетонска база со вкупен капацитет на силосите за бетон од 60 m3 (поголеми од 50m3) и годишно производство на готов бетон околу 3.000 m3, лоцирана на КП 10455 КО Велес, општина Велес.
Во дозволата меѓу другото пишува дека на 20 фервруари барањето е поставено на веб страницата на Општина Велес и со тоа е дадена можноста за учество на јавноста во постапката. На тоа не биле доставени забелешки. На 17 април „Б“ дозволата е издадена и е сао важност од седум години.
„МИСА МГ“ поседува и асфалтна база, за која има „А“ интегрирана еколошка дозвола како и за сепарација на природен камен и варовник.