Биогасната електрана од Градско, ќе плати глоба од 18 илјади евра по медијацијата со Министерството за животна средина иако предвидената беше помеѓу 110 и 120 илјади евра

Петар Печков

Наместо предвидената парична глоба од 110 до 120 илјади евра, биогасната електрана кај Градско ќе плати 18 илјади евра, во денарска противредност.   Ова е спогодбено договорено на медијацијата со Министерството за  животна средина (МЖСПП).

„На ден 13 септември  пред Комисијата за спогодување при МЖСПП се одржа расправа во врска со поведената Постапка за спогодување кон ВАРДАР БИО ПРОЦЕС Градско за случената хаварија на ден 28.07.2024 година“ – соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

Непосредно по излевањето на лагуната, тогашниот директор на ДИЖС Сретен Стојковски на прес конференција на 30 јули, кажа дека предвидената парична глоба  е далеку повисока.

„При увидот на 27 јули е констатирано дека овој течен отпад кој што се користи како ѓубриво во земјоделски активности е транспортиран на соседна парцела без дозвола, направена е лагуна и истата е пробиена. Односно, течното ѓубриво е истечено во соседните парцели и во реката Вардар. Согласно Законот за животна средина, за овој прекршок од трета категорија е предвидена санкција од 110 до 120 илјади евра за правното лице кое е среден трговец и 6.000 евра за одговорното лице“, соопшти на прес конференција  тогаш Стојковски.

Деновиве е  извршен контролен инспекциски надзор по изреченото решение од хаваријата со кое компанијата била задолжена  да изврши празнење на лагуната од течен пост дигестат во целост, кој е во количина од 9.000 м3.

Истиот требало  да се искористи како течниот пост дигестат за аплицирање на земјоделските површини но и обврска  до го пополни ископот и израмни просторот каде беше лагуната. При посетата на надлежниот државен инспектор  констатирано е  отстранување на загадувањето и враќање на животната средина во задоволителна состојба.

„Од страна на правниот субјект е постапено по задолженијата од решението, лагуната е испразнета и истата е  прекриена и израмнета“ – соопштија од ДИЖС.

Жителите на населбата Стопанство близу Градско се жалат и реагираат на смрдеата која доаѓа од елементи кои биогасната електрана ги корсти како репроматеријал за добивање електрична енергија,

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ФАРМАЦЕВТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Фармацевт во оддел за обезбедување на квалитет Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА АСИСТЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Асистент за контрола на квалитет

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати