Петар Печков
Објавено: четврток, 13 март 2025
Три филма на репертоарота на кинвоерзум во Велес, два се премиери
Британскиот шионски филм „Црна троба“ има премериа и во Велес и во светот.Кога разузнавачката агентка Кетрин Вудхаус е обвинета дека издала тајни, нејзиниот сопруг, исто така познат агент, се соочува со тешка одлука: да биде верен на своето семејство или на својата татковина.
Премеира и за анимираниот Хитпиг, кој е прасе кое ги враќа изгубените миленичиња на нивните сопственици за големи парични награди. Една ноќ, слонот по име Пиклс бега од богатиот, но неуспешен шоумен од Лас Вегас, па така Хитпиг започнува потрага по слонот за награда од милион долари.
Најгледаниот авантурисичко акционе СФ филм „Мики 17“ втора седмциа по ред е пред велешани, на реператаорот на Кинвоерзум. Мики Барнс, финансиски уништен и очаен да избега од Земјата, прифаќа да стане „потрошлив“ – клон работник создаден за најопасни мисии, каде по секоја смрт се регенерира во ново тело. Но, кога една од неговите копии, Мики 17, е погрешно прогласена за мртва и заменета со Мики 18, започнува борба за опстанок.Според правилата на колонијата, може да постои само една верзија на „потрошливиот“. Доколку бидат откриени, и Мики 17 и Мики 18 ќе бидат уништени. Сега, двајцата мора да се соочат со прашањата за идентитетот, значењето на постоењето и да се спротивстават на угнетувачките водачи на колонијата.