„Госпоѓа министерка“ на Нушиќ премиерно во велешки театар во режија на Синиша Ефтимов

Петар Печков

Вонвременската „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ премиерно ќе биде прикажана на сценaта на велешки театар Јордан Хаџи Константинов Џинот. Претставата е во режија на Синиша Ефтимов, и со неа ќе биде отворено четвртото издание на театарскиот фестивал „5ре“, кој годинава за прв пат е меѓународен.

„Мојата драга колешка Зорица Панчиќ со оваа претстава ќе одбележи три децеии работа на нејзината матична сцена, велешки театар. Тука е и режисерот Ефтимов, кој работеше максимално за да добиеме производ, претстава која ќе ги задоволи и естетските вкусови, но и желбата на публиката за насмевка. Со нашата професија имаме мисија да ги оттргнеме мислите  од трагедијата која ја снајде земјава“ – кажа Жарко Спасовски, директор на велешки театар.

Ова е второ гостување на Ефтимов во Велешки театар, првото беше пред три години со „Четири соби“, која наскоро ќе се врати на сцената со алтернација на Васил Зафирчев, за починатиот актер Самоил Стојановски.

„Нашата министерка е современа министерка, претстава која се случува во денешно време, но не значи и во нашиот простор. Во претставата ќе се препознаеме сите со сите нашии маани и предизвици во современото живеење. Нушиќ е болно прецизен, па иако неговите текстови се напишани многу одамна, се уште модерно резонираат. Можат да се препознаат сите ликови кои се појавуваат на сцена, постоеле тогаш, постојат и денес. Тоа не кажува добро за тоа како еволуираме како цивилизација на планетата Земја. Во изминатите сто години не сме успеале да научиме од нашите грешки, се однесувеме и ги решаваме проблемите како што сме ги решавале пред еден век. Се бавиме со ниски страсти, малодушност, малограѓанство. Тоа се работи кои мораме да ги надминеме за да станеме подобро општество. Во претставата зборуваме за смешната страна на огледалото, гледајќи се себе, обидувајќи се да научиме повеќе за нас и за општеството и како да го подобриме“ – рече Ефтимов. Тој на театарскиот фестивал „5ре“ учествува со уште една претстава „12“ на МНТ.

„Даваме се од себе да ни се случи урнебесна комедија. Важно ми е што славам јубилеј 30 години на сцена и што го славам на оваа сцена. Драго ми е што дел од мојата прослава се многу малди колеги. Ја поканувам публиката да дојде да се забавува, како што ние се забавувавме“ – рече Зорицас Панчиќ, која ја толкува улогата на г-ѓа министерка Живана.

Сценограф е Мартин Манев, костимограф Илина Ангеловска. Во претставата играат освен Панчиќ и Фаик Мефаиловски, Талија Настова, Симона Димковска,. Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски, Кире Ацевски, Филип Христовски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати