Петар Печков
Објавено: вторник, 25 март 2025
Слободанка Чичевска е добитник на актерскта награда а животно дело „Петре Прличко“. Оваа одлука беше објавена денес на прес конференција. Во името на тричленото жири одлуката ја образложи Александар Ѓорѓиев. На распишаниот конкурс од Општина Велес за наградата пристигнале два предлози.
„Разгледвуајќи ги образложенијата по предлозите, жири комисијата одлучивме наградата да и припадне на Слободанка Чичевска, од неколку причини. Основно има одиграно бројни улоги на велешката сцена заедно со Прличко. За нејзиниот ангажман во велешки театар за овие многу години, а дојде како ученичка, решивме дека наградата треба да и припадне неа“ – кажа Ѓорѓиев.
Во жирито беа и Зорица Панчиќ и Тони Михајловски.
Наградата на Чическа која се состои во повелба-плакета и паричен дел ќе и биде врачана на 27 март, Светскиот ден на театарот, на премиерата на претствата „Госпоѓа министерка“ и отворањето на театарсккиот фестивал „5ре“.
Чичевска е во велешки театар од 1978 како член на Младинско студио а професионално ангажирана од септември 1986 година.