Валентина Дукова од Велес и Весна Јаневска од Росоман, се меѓу добитничките на признанието „Жена Фармер“ за 2024

Петар Печков

На годинашниот агро саем кој се одржа во Струмица признанија за жените земјоделки. Беше доделена наградата Жена фармер за 2024 година.

Меѓу добитничките е и Валентина Дукова од Градско – Велес. Таа е пчелар и како семејство имаат пчеларник Дукови. Како семејство имаат 200 пчелни семејства кои се наоѓаат на планината Клепа во селото Подлес. Планира да се фоксуира и на селскиот туризам со оглед на местоположбата, чистиот воздух, вода и други природни убавини во селото Подлес.  

Признание доби и Весна Јаневска од Росоман. Таа со семејството одгледуваат раноградинарски производи и произведуваат и домашни преработки од црвена пиперки како и од овошје. Паралелно одгледуваа лозје и праски.

Марија Стојанова од Балдовци Струмица исто така доби признание Жена фармер за 2024 на годинашното издание на Агросаем Струмица 2024. Таа со семејството се занимава со сточарство.

Признание Жена фармер  доби и Владанка Ристиќ од неготинско  Тимјаник. Таа со семејството обработува три хектари винова лоза а од 2021 година имаат дестилерија ,,Слоган“ во која произведуваат лозова, сливова ракија и мастика.

фото https://drnka.mk

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати