Вардар во Велес го освои кејот

Петар Печков

Реката Вардар низ Велес има зголемено ниво, кое предизвика заезерување на мали површини околу Мало мовче.  Според хидрологија при УХМР нивото утрово во 7,30 ч. беше 182 цм. што е двојно повеќе од пред два дена, во средата кога имаше 90 цм. Вчера четврток беа измерени 140 цм наутро и 142 цм. попладнето. Просекот за јануари е 86 цм. 

Од УХМР  соопштија дека утрово бил измерен зголемен водостој на реката Вардар во Велес, и се очекува во централното градско подрачје, речното корито да биде речиси полно.  Освен еден напуштен објект близу до реката кај Градскиот парк, нема опасност од излевање на други куќи по течението на Вардар низ Велес. Се препорачува внимателно движење покрај речното корито на реката во текот на денешниот ден. Во Башино Село е можно локално излевање и поплавување на површини. 

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати