Вардар низ Велес со низок водостој

Петар Печков

Нивото на реката Вардар низ Велес е мошне ниско, двојно помалку од просекот. Според податоците на Управата за Хидрометеорологија, од почетокот на месецов, се движи помеѓу 24 и 26 цм. Просекот за јули е 47 цм.

Ниското ниво може да се види и низ централното градско подрачје, каде се забележува дека бреговите се суви и повлечени.  

Наспроти тоа реката Бабуна, низ Богомила, каде е мерното место има натпросечен просек на водостој. Месецов се движи од 20 до 14 см а просекот за јули е 4 см.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати