Петар Печков
Објавено: петок, 04 април 2025
Нивото на реката Вардар во Велес во опаѓање. Утрово во 7,30ч. измерени беа 120 цм, што е за 16 помалку од вчера и за 50 помалку од максималнините 170 измерени во вторникот наутро.
За разлика од Вардра, реката Бабуна во нејзиниот горен тек има пораст, утрово се измерени 44цм, што е 4 повеќе од вчера а помалку од максималните 50 кои беа измерени во средата наутро. Просекот за април за реката Бабуна е 26 цм а за Вардар во Велес е 111 цм.
Мостот на реката Вардар кај Башино Село е пуштен за сообраќај, со времен режим, како што беше претходно и светлосна сигнализација.