Ваучери за лекови и храна, како и за рехабилитација и одмор, побараа лицата со попреченост, оти една година во ковид кризата не добиле помош од Владата

Петар Печков

И лицата со попреченост да добијат ваучери од Владата за поддршка, побара на денешната прес конференција Далиборка Златева, од Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.   Тие досега не биле опфатени со ниту еден  пакет мерки  за финансиска помош, а бараат  ваучер за набавка на лекови, здрава храна и хигиенски материјал, како и ваучер за рехабилитација, рекреација и одмор. И двата би биле во висина од по шест илјади денари.

„Никој во период од една година, не помисли на категоријата лица со попреченост, што е поразително.  Тие и  без присуството на коронавирусот  живеат во еден поинаков свет кој секојдневно им носи карантин, потреба од витамини, специјализирана храна, потреба од рехабилитација и рекреација. Во услови кога целиот свет живее во стегите на пандемијата, децата и лицата со попреченост тоа го чувствуваат двојно“ - кажа Златева.  

Барањата на велешкото здружението, биле поддржани и од три други здруженија, „Доза среќа“, „Соѕвездие“ и „Пркос“ сите од Скопје.  Тие исто така работеле со лица со попреченост.

На прес конференцијата Златева ги актуализираше и десетина година старите барања  за промена на законската регулатива на животот на  лицата со попреченост. Тие се однесуваат на здравствената, социјалната и пензиска законската регулатива.

„Бараме бесплатно здравство за сите лица со попреченост без ограничување во старосната возраст, бесплатен престој на придружникот на лице со попреченост во период на хоспитализација, намалување на периодот од пет години за обнова на ново ортопедско помагало и моделирање според потребите на корисникот со што ќе се влијае на мобилноста и функционалноста, зголемување на износот на додатоците за нега,, мобилност и попреченост - вкупниот износ за секое дете и лице да не биде под 200 евра, во зависност од тежината на попреченоста да се зголеминува над овој износ, воведување на категоријата родител неговател  за најтешките случаи на деца и лица со попреченост, по моделот од Хрватска, Германија, Шведска, изедначување на висината на социјалните додатоци на згрижувачките семејства и биолошките семејства“ - рече  Златева.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати