Велешанец излетал со автомобил во провалија, пред влезот во Велес

Петар Печков

Велешанец бил пронајден мртов, откако со неговиот автомобил паднал во провалија, на влезот во Велес, близу тунелите кај Башино село.    Автомобилот и телото на починатиот биле пронајдени денес околу пладне. МВР информираше дека за случајот биле информирани телефонски околу 11,20 ч. 

На лице место излегоа полициски службеници  и констатирано е дека е работи за патничко возило марка ,,хјундаи,, сои велешки регистарски таблички, управувано од Б.М. (38 год) од Велес - информираа до МВР. 

Први  на лице место биле припадниците на ТППЕ Велес.

Добивме повик за сообраќајка, и автомобил кој паднал во провалија.  На лице место беше  екипа на пожарникари и го вадеа телото кое беше на карпите, додека автомобилот беше во река Вардар. Откако беше кренато, после сериозен и сложен зафат, беше предадено на  докторите од брзата помош - рече Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.  

На местото од  сообраќајката  дошле и  вработените во Итната служба на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Добивме телефонски повик околу 11,20 ч., по што лекарска екипа излезе на терен. Кај лицето кое беше извадено од провалијата,  можевме да констатираме дека е починато на лице место - изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на Итната помош.  

Од ОЈО Велес информираа на лице место увид извршил надлежен обвинител и  дека телото е предадено на обдукција за да се видат причините за смртта. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати