Петар Печков
Објавено: среда, 12 март 2025
Велешанец пронајден мртов во двор од семјна куќа, која се наоѓа во близина на рампата кон Железен мост. Обвинителството ќе ги истражува причините за смртта
„На 11.03.2025 во 13.25 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејниот дом бил пронајден починат Г.К.(63 год) од Велес со траги од крв во пределот на главата“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
„По добиен повик, дежурна екипа била на лице место, при што докторот констатирал смрт на лицето, кое лежело на земја“- соопшти д-р Василка Пановска, началник на службата за итна помош, при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, за да се истражат причините на смртта.