Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 мај 2026
Неделата попладне сообраќајка во Речани, при што едно лице, моторист, се здобило со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите е пренесено на скопските клиники. Деталите од информациите на велешката полиција и болница.
„На 24.05.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 16:45 часот, на регионалниот пат езеро Младост-Велес, во близина на крстосница на улица „Академик Пенчо Давчев“ со улица Димитар Андонов Папрадишки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл БМВ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.К.(35 год ) од Велес и патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(45 год) од Велес“ - соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и сопатниците во возилото 47-годишната Т.Д. и 16-годишен малолетник, констатирани во Општа болница Велес.
„Примен е пациент со политраума, бројни скршеници по телото, констатирани по извршените снимања,интубиран и итно пренесен на скопските клиники“ – информира д-р Анамарија Џунџева, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
