Во две одделни сообраќајки, две млади лица 20 годишници со тешки повреди пренесени во Скопје

Петар Печков

Во две сообраќајки кои се случиле вчера во Велес, две лица се здобиле со тешки повреди и е пренесени на понатамошен третман на клиниките во Скопје. Деталите од информациите на велешката полиција и болница.

„На 27 мај во СВР Велес било пријавено дека околу 14:20 часот на автопатот Скопје- Велес, на мостот во атар на село Башино Село, велешко, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, удрило во бетонски ѕид и се превртело на коловозот“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес. Сопатничките во возилото  биле Е.Ш.(20 год) и 17-годишна малолетничка, двете од Велес.

Попладнето била регистриран уште една сообраќајка. 

„На 27 мај  околу 19:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионален пат Велес - Скопје, Ј.П.(20 год ) од Велес, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“ – дополни Милевска Ѓеоргиева.

Кај две лица во сообраќајките биле констатирани тешки телесни повреди, па од велешка болница биле пренесени во скопските клиники.

„Кај дваесет годишна девојка има   повреди на вратен пршлен  и поради комплексност на повредата е пренесена на трауматологија  од клиниките во Скопје.  Кај мотористот по извршени снимања има констатирано скршеници на глава  и тој е префрлен на неврохирургија во Скопје“ -  кажа д-р- Анамарија Џунџева, портпарол ан ЈЗУ Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате родителите да бидат казнувани кога нивните деца ќе направат прекршок или кривично дело на училишта?

  • да
  • не
Резултати