Се запали автобус кај наплатна рампа Отовица, патниците побегнале, повредени нема

Петар Печков

Попладневно се запалил автобус  после наплатна рампа Отовица,  на автопатот Велес- Скопје. Автобусот сообраќал на релацијата Прилеп – Скопје и ја напуштил Автобуската станица Велес околу 16ч. . Опасноста била навреме откриена, па патниците  избегале од автобусот, кој потоа за кратко време пламнал. 

„На 16 мај во СВР Велес е пријавено дека околу 16:15 часот на автопатот Гевгелија- Скопје, во близина на наплатна станица Отовица, се запалил автобус „темса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.П.(59 год) од Прилеп. Сите патници навремено го напуштиле автобусот и со друго возило биле пренесени во Скопје“– соопшти Ана Милевска Ѓeopгиева портпарол на СВР Велес. 

На дежурните служби од  велешката служба за Итна помош им било кажано дека има запалено автобус, но нема потреба од нивна интервенција, бидејќи немало повредени. 

Огнот бил локализиран од Територијалната против пожарна единица  Велес, која интервенирала со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

„По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза но благодарение на брзата интервенција пожарот за брзо е ставен под контрола и потоа целосно изгаснат. Во акцијата нема повредени“ – информираа од ТППЕ Велес. Пожарот бил локализран во 17,40ч.

На местото на настанот увид вршат  полициски службеници од СВР  Велес.

Пред седум дена во ноќните часови автобус кој превезувал ученици од скопската гимназија Орце Николов беше исклучен од сообраќај и испратен на вонреден технички преглед, откако четири пати се расипал при враќање од екскурзија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате родителите да бидат казнувани кога нивните деца ќе направат прекршок или кривично дело на училишта?

  • да
  • не
Резултати