Велешани во редица за да влезат на пазар (фото)

Петар Печков

Од денес вторник, започнаа  да се применуваат мерките за заштита на граѓаните, поради опасноста од корона вирусот, кои беа препорачани од кризниот штаб за Општина Велес. 

Пазарот во Нова населба не работи, главниот работи од два влеза а производителите носат заштитни маски и ракавици.   

Купувачите пред влез ги дезинфицираат обувките, отстранети се дивите препродавачи  околу пазарот. Производите се изложени на секоја втора тезга. Се продава само храна,  овошје, зеленчук, сирење и јајца. 

И продавачите и купувачите ги почитуваат донесените мерки - велат вработените во одделението Пазари при ЈКП Дервен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати