Петар Печков
Објавено: среда, 11 декември 2024
МВР информира за две поднесени кривични пријави од страна на СВР Велес. Првата е за скопјанец за криумчарење мигранти и за велешанец кој продал дрога на малолетник
„СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.П.(39 год) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење на мигранти. На 06.06.2024 во тунелот на Јаворица, во правец Гевгелија-Скопје, било пронајдено патничко возило „форд мондео“ управувано од пријавениот, а во кое биле пронајдени девет мигранти од Сирија“- соопштија од МВР.
„СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Б.(46 год) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. На 24.09.2024 на место викано Дворови, полициски службеници извршиле преглед над малолетник, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот“- информираа од МВР.