Велешкиот театар со „Кралски копилиња“ настапува на Интернационалниот фестивал „Сараевска Зима“

Петар Печков

Велешкиот театар ,,Јордан Хaџи  Константинов  Џинот“,на 15 март ќе настапи на 47-то издание на фестивалот „Сараевска зима“. Актерите ќе ја изведат претставата „Кралските копилиња“.Заради пандемијата фестивалската програма во најголем дел ќе биде прикажана он лајн, односно претставите ќе се одржуваат на матичните сцени, а сараевската публика ќе ги проследи преку видео стриминг.

Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев како Агамемнон, Кети Борисовска како Клитемнестра, Талија Настова како Електра, Жарко Спасовски како Орест, Маја Љутков како Касандра, Фаик Мефаилоски како Егист и Марија Стефановска како Ифигенија


Претставата „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски, во својата жанровска дефиниција е театар на телото во епски слики, работена според пост-тројанскиот митски циклус, сместен во кралската куќа Арг.„Кралските копилиња“ е приказна за боголуѓето која се случува непосредно по завршувањето на војната за Троја и зборува за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор.

Автор на текстот, режисер и автор на аудио-визуелниот концепт на претставата е Сашо Димоски, режијата на сценското движење е на Васил Зафирчев, видео-дизајнот и анимациите се на Данчо Стефков и Крсте Шупев, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и плакатот е Адам Мартинакис.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати