Високите сметки за струја удрија по буџетот на матичните доктори и стоматолози од Велес

Петар Печков

Дел од  велешките матични доктори  добиле неколку кратно повисоки сметки за потрошена електрична енергија, кои ќе претставуваат проблем за нивното редовно работење. Ова било случај за десетина приватни ординации, кои работата под  кирија во простории на ЈЗУ Здравен дом Велес.

„Сметката за плаќање од две - три илјади скокна  до 45 илјади денари кај некои колеги. Со овие средства кои ги добиваме од каптацијата  невозможно е таа да се подмири. Концесија за простории, плати за вработени,  обезбедување ампули, телефон и интернет или имаме бројни давачки а ограничени средства кои ги добиваме. Може за еден месец да платиме, но за следните нема да можеме. Дали треба ординациите под клуч да одат“ -велат велешките  матични доктори кои го почувствувале струјниот „удар“ од висината на сметките.  

За ова тие ја запознале и претседателката на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) д-р Лили Чолакова Дервишова.

„Проблемот е сериозен, се заканува по здравениот систем во градот. Засега реакциите се само од Велес, од други градови немам добиено поплака. Затоа ќе барам средба со новиот министер за здравство, директорот на Фондот за Здравство, бидејќи може да се случи пациентите да останат без матичен лекар. Не е само овој проблем имаме многу што да си кажеме“ - рече д-р Чолакова Дервишова. 

Додава дека вредноста на капитацијата е 63 денари од пациент, која била покачена во 2018-та и со истата повеќе не може да се покријат сите трошоци за работа.

Со истиот проблем се судриле и десетина приватни стоматолози од Велес, кои работат во простории кои се под концесија од ЈЗУ Здравен дом Велес. И нивните сметки за потрошена електрична енергија биле повисоки, некаде двојно некаде и повеќе пати, во зависност на што се грееле.  

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ Велес кој ги дава ординациите под  концесија, објаснија дека причината за зголемените сметки за струја било раскинувањето на договорот. Директорката која на оваа позиција е од пред Нова година, вели дека и таа била изненадена кога ги добила новите, далеку повисоки сметки за струја.

„Еднострано бил раскинат договорот од страна на  универзалниот снабдувач на струја и интервентно на пазарот  е купувано електрична енергија. Таа знаете е далеку поскапа од редовната. И ние како институција добивме  висока сметка. Бараме излез од состојбата“ - вели д-р Виолета Петкова, директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Сметката за електрична енергија која оваа институција ја добила била во висина од 800 илјади денари а претходно плаќале по сто илјади.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите сообраќајни полициски контроли резултираа со почитување на сообраќајните правила и прописи?

  • да
  • не
  • зависи до возачите и пешаците
Резултати