Петар Печков
Објавено: среда, 19 август 2026
Вторникот на пладне, во центарот на Градско возило удрило дете и побегнало. Полицијата со деталите од инцидентот.
„На 18 август во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување на случајот.
