Во Велес има 181 зграда

Петар Печков

Според спроведениот регистар на станбени згради во општина Велес има 181 зграда за колективно домување, од кои 14% згради имаат лифт, а 27% имаат деловни простории. Најстарата зграда е изградена во 1935 година. Највисоки се двете згради кај пазарчето во Нова населба со по 14 ката а еден помалку, 13 има зградата спроти нив.

Ова се резултатите од истражувањето кое го изврши Хабитат Македонија. Тие истражувале каква е состојбата и со крововите, фасадите, прозорците, начинот на греењето во становите во овие згради.  

Состојбата со крововите е 53 отсто немаат изолација,  26,4 отсто протекуваат, 15,7 отсто имаат термо изолација а кај 2,5 отсто иако имаат термо изолација прокиснуваат.  

Состојбата со фасадите е следна: 58,5 без термо фасади и неоштетена,  27,7 оштетена,  12,6 отсто се со термо фасади и  1,3 се оштетени иако имаат термо фасади.

Состојбата со прозорците до 30 отсто имаат 73 отсто, до 70 отсто од прозорите во стан имаат    17,7 и 9,3 отсто имаат поставено во стан над 70 отсто од прозорите.

Начин на греење во зградите е 61 отсто на дрво и пелети, 38 на струја.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати