Во Велес нема нови позитивни, има тројца оздравени

Петар Печков

Изминатото деноноќие во велешко нема нови случаи со ковид 19 а тројца оздравеле. Така активни се водат 40 лица а 70 оздравени и осум починати.

На Инфективното одделение при велешката Болница има 18 пациенти кои се хоспитализирани,  а за еден кој имал симптоми  се чекаат резултати од земениот брис.

Во текот на вчерашното попладне две лица поради влошување на состојбата се префрлени на Инфективна клиника во Скопје. 

Три лица од велешко се водат како оздравени. Две од нив биле сместени на Инфективното одделение и по двата негативни бриса се пуштени дома.   Едно од заарзените со ковид-19 бил на домашно лекување и последните два теста покажале дека е негативен.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати