Петар Печков
Објавено: среда, 13 мај 2026
Една третина од извршените еколошки контроли на територијата на Општина Велес констатирани се неправилности, пишува во годинашниот извештај за работата на Државниот инспекторат за животна средина.
Или во бројки од извршени 137 контроли, во 42 случаи биле констатирани неправилности. Од 137 контроли, 57 биле редовни, 28 вонредни а во 52 случаи бил контролиран надзорот.
Во годишниот извештај пишува дека има поднесено една кривична пријава за непознат сторител, која се однесува за поморот на риба во Тополка, и дека се казнети пет физички лица со по илјада евра, но без детали за кое дело се однесува казната. За потсетување ТрМр веќе објави дека кривичната пријава е отфрлена оти немало труење на рибите, туку помор од органско загадување.
Во деветте општини од Вардарскиот регион, еколошките инспектори извршиле 370 надзори а во половината од нив 184 биле констатирани неправилности. Најмногу неправилности се регистрирани во Кавадарци, 80 отсто, од 91 контрола имало 72 случаи на неправилност.
Во Неготино има констатирано 53 отсто неправилности, во Градско 60 отсто, Росоман 60 отсто, Свети Николе 57%, Демир Капија 42%, Чашка 12 отсто и Лозово нема извршено контроли.
