Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 мај 2025
На последната седница на дневен ред беше точката за работа на ЈКП Дервен. Советниците од власта и опозицијата со спротивствени ставови и расправија. Загубата лани изнесувала 36 милиони денари. Финансовиот директор Васил Николов се обиде да ја објасни финансиската состојбата во јавното претпријатие и причините.
„Јас сум во Дервен подолго време. Проблемите почнаа 2016/17 година кога дел од ценовниците се намалија. Од 2018 почнаа платите да се покачуваат и тоа драстично. До 2024 се покачени за 100 отсто. Претходните години се покачени некои услуги, меѓутоа тоа се само четири цени. Во Дервен има уште многу други ценовници, со некои работиме со цени до 2008 година. Дел од тие цени треба да се ревидираат. Дали некој може да издржи да работи со цени од 2008 година? Разликата во платите во однос на лани е 35 милиони денари, колку што е загубата. Се зборува за покачени цени. Лани имавме дел, за одредени ставки“ – кажа Николов.
Од раководството потенцираа дека во претпријатето се намлува бројот на вработени.