Во велешките средни училишта во прва година се запишаа 464 ученици

Петар Печков

Во третиот уписен рок во прва година, во четирите велешки средни училишта примени се 31 ученик  и тоа двајца во Гимназијата- настава на македонски  јазик,  во економското училиште Јовче Тесличков три ученика, во Коле Неделковски 18 и во Димитрија Чуповски осуммина ученика. Ова се бројките кои ги соопштија од Општина Велес, по поставеното прашање од ТрМр за состојбата со запишани ученици во прва година во Велес, по третиот уписен рок. 

Така вкупната бројка на примени ученика по трите уписни рока е 110 во Гимназијата Кочо Рацин - 96 ќе следат настава на македонски јазик и 14 на албански јазик., во Коле Неделковски 215 - таму е пополнет бројот на ученици 68- за  електротехничар за компјутерска техника и автоматика, во Хемиското Димитрие Чуповски  125  и во економското Јовче Тесличков 14 ученици.

Или вкупно запишани се 464 ученици а бројот на слободни места беше 1.011. Во велешко деветто одделение завршија 433 ученици додека заедно со трите соседни општини Градско, Лозово и Чашка, чии основци средното образование најчесто го продолжуваат во Велес имаше 590 завршени деветто одделенци. 

Споредбено со штотуку завршената 2019/20 учебна година,   кога на почетокот беа запишани 544 ученици. По училишта состојбата беше следна - Гимназија - 146 од нив 112 следеа настава на македонски јазик и 34 на албански јазик,   Коле Неделковски 196,  Димитрија Чуповски 150 и Јовче Тесличков 54.  

Останува надежта дека нешто ќе се промени со последниот уписен рок кој е на крајот од август   на 24-ти.

Се огласија и од Делегацијата на германското стопанство во Македонија, кои соопштија дека во рамките на дуалното стручно образование по германски модел, досега се пријавени 80 ученици за слободните места во паралелките за дуално стручно образование.

„Во Велес сè уште има десет слободни места за образовниот профил ‘Техничар за производно машинство’, а учениците коишто ќе се запишат на овој профил, ќе може да ја обават својата практична обука во компаниите ‘Маркарт’ и ‘Брако’. Ова е воедно и повик до сите оние, коишто познаваат млади талентирани деветтооделенци од Велес, коишто покажуваат афинитети кон техничките науки, да ја разгледаат оваа можност за продолжување на образованието и да се пријават во одделението за дуално стручно образование“вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати