Во прва година средно запишани 497 ученици

Петар Печков

Во четирите средни училишта во градот, во првиот уписен рок, се запишале 497 ученика во прва година, додека 9-то одделение завршиле 446 ученици. Од овие бројки ги по пат  на прашање од Бавен карактер  ТрМр ги доби од локална власт, евидентно е дека во прва година се запишани и ученици од соседни општини, Градско, Чашка, Лозово но и од Повардарјето, посебно во здравствените паралелки.

Во “Коле Неделковски”се запишале  215 ученици од 322 слободни места, во “Димитрија Чуповски” се запишаа 127 од 186 слободни места  во “Гимназија Кочо Рацин” 115 ученика од 170 слободни места, од нив  13  ученици се на албански наставен јазик и во “Јовче Тесличков” 40 ученици во јунскиот уписен рок од 192 слободни места.

„Во однос на  интересот по струки, пополнета е паралелката со медицински сестри во “Димитрија Чуповски”, како и две паралелки со образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во “Коле Неделковски”, во сите други паралелки  има слободни места“- инфомрираа од локалната власт.

Од есен во прва година ќе има четири паралелки во две средни училишта,каде учениците ќе посетуваат дуално образование. Во паралелките со дуално образование во “Коле Неделковски” во образовниот профил Автомеханичар и Заварувач се запишале 18 ученици и во образовниот профил Техничар за производно машинство 15 ученици.

Во паралелките со дуално образование во “Димитрија Чуповски” во образовниот профил месар и пекар се запишани 7 ученици и во образовниот профил Техничар за заштита на животна средина 24 ученици.

Овие улченици од Министерството за образование, најавија дека ќе добиаат месечна стипедија од по 3,5 илјади денари.

Можност за пријавување, таму каде има слободни места, учениците имаат при крајот на месец август.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати