Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 јуни 2025
Од 19 до 24 јуни ќе се одржи јубилејната 25 Вардрска регата, годинава по втор пат ќе се плови со Солун. Ќе има 60 учесници, иако интересот бил преку 200 пријавени, но организаторот вели, дека во овој момент толку луѓе може да пловат. Организатор како и претходните години е Извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес.
„Се работи на препарирање на пловните објекти. Ќе се плови со десет гумени чамци, гемијата не може да плови поради преминот кон Грција 60 учесници. Овие пет дена, се се поаѓа порано, кога ќе пловиме добиваме дотур на вода од Електрани на Македонија“ – кажа Ангелче Гушев старешина на ИО Димитар Влахов.
Пловењето започнува на 19 јуни, се ноќева на воениот полигон Криволак, на 20 во Демир Капија, селдниот ден се плови до Марвинци, по што се минвуаат 6 км по суво, преку граница и се стигнвау ведчерта и ноќева во Евзони. Потоа се плови низ Вардар во Грција, 22 се спие во Акропатомис и последната вечер на 23 во Солун.
„Годинава имам извиднички активности во Евзони, во Поликастро и во Солун. Централната манифестација е на плоштадот во Солун , дружење помеѓу солунските и велешките извидници. Имаме максимална поддршка од извидниците од Солун, имаат многу голема желба за организација. Регатата е помогната финансиски од Европскатга скаутска органзиација. Тоа ќе овозможи набавка на нови пловила, нови мотори, кои ни се потребни за пловење низ делтата на Вардар пред Егејско море“ – дополни Гушев.
И годинава Вардарската регата ќе биде меѓународна, пријавени биле учесници од четири од поранешните Југоловенски републики. Тоа е можност за туристичка промоција на регатата.
„Приказнага која лани ја создадовме со учество на извидници од Србија и Бих, го побуди интересот регионално. Доаѓаат четири рафтинг екипи од Хрватска, Црна Гора, Србија, БиХ.
„За нив беше непоимливо да се мине 260 км со веслање на раце. Тие при рафтинг турите ја користи моќта на природата на реката, брзата вода. Се пријавија оти сакаат да го почувстуваат овој модел на пловење по реките“ – објасни Гушев.