Горно Оризари се стабилизираше со водоснабдување

Петар Печков

Сериозните проблеми со водоснабдувањето на населба Горно Оризари се минато. По протестите кога жителите со денови немаа вода, состојбата е доведена во ред и според градоначалникот Славчо Чадиев, редукции повеќе немало.

Ситуација е стабилизирана, скоро и да  нема рестрикции. Причината за сериозните  проблеми беа големите дефекти кои се случија на доводната линија, но и  поради  енормното трошење на  вода до страна на населението. Сега имаме лице кое се грижи за отворање и затворање на вентилите за водоснабдување. Јавноста треба да знае дека кога Оризари нема вода нема и населба Превалец, таква е состојбата бидејќи се на иста линија – рече градоначалникот Чадиев.      

Во овој летен период со проблеми со водоснабдувањето од населените  места во  општината се судрувале, според Чадиев малкуте жители  на село Сопот. Но и тоа го решиле вели градоначалникот.

Село Сопот добива еднаш неделно со цистерна, оти бунарите и селската чешма  пресушиле. Работиме  на каптажа за селото Белештевица и Лавчани (близу Слп). Интерес појави населението од селата Сујаклари и  Иванковци, да ги доделат селските водоводи на одржување на  ЈКП Дервен. Наскоро ќе започне со изведба на водоводи за Раштани и Бузалково  – додаде Чадиев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати