Градоначалникот Колев побарал од изведувачот забрзување на градежните работи за покривање на Градскиот пазар

Петар Печков

Градоначалникот Марко  Колев побарал од изведувачот на градежните работи на горниот дел од Градскиот пазар да се забрзаат работите. Ова го објавија од локалната власт, откако денес Колев извршил увид  на градежните активности.  Од страна на градоначалникот било  укажано да се направи ревидирање на динамиката на работни активности.

„Остварена е  средба со изведувачот на градежните зафати „Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје“ и надзорниот орган од МБМ Инженеринг.
На состанокот се разговараше за текот на работните активности во изградбата на горниот дел на пазарот, но истовремено се укажа и на забрзување на динамиката на работа со цел што поскоро да се изгради пазарот и да се создадат соодветни услови за работа за продавачите на земјоделски и други производи“ - соопштија од локалната власт.

Вредноста на изведбата на градежните работи изнесува 36 милиони денари.  При примопредавањето на градоначалничка  функција, ТРМР ги праша и дотогашниот и актуелниот градоначалник,  дали е   поднесена сметка  за плаќање на пеналите, од доцнењето на изведбата на работите, што е согласно потпишаниот договор. И двајцата одговорија дека тоа ќе се стори, по завршувањето на градежните работи.  

Горниот дел од велешкиот пазар, требаше да биде покриен, според најавите на започнувањето на работите на 4-ти април, после четири месеци. Потоа рокот беше продолжен до почетокот на октомври. Тие не се завршени ниту на почетокот на ноември, седум месеци по започнувањето на работите.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати