Петар Печков
Објавено: среда, 18 септември 2024
Бројни се реакциите на граѓаните од стариот дел на Велес и од левата и од десната страна поради гласната музика од разни веселби кои таму се случуваа овој период.
Тие реагирале до градоначалникот за ваквата состојба. Тој решението за проблемот го посочува во полицијата.
„Имам барања за свадби, за сунети, но немам дадено ниту една довола за свадба на отворено. За ова засегнатите граѓани , треба да реагираат до полицијата по основ на гласна музика“ – кажа Колев.
фото ФБ/ Горан Алексов