Греењето од домаќинствата ја зголеми загаденоста на воздухот во Велес

Петар Печков

Во ноември месец само седум дена, немало повисоки вредности од граничните 50мг/м3 на ПМ10 честички во воздухот во Велес. Од тие 23 дена кога велешани дишеле загаден воздух,  во три наврати или седум дена бил надминат прагот на информирање кога загадувањето е над 100 мг/м3 во најмалку два дена последователно. Ова се резултатите на кои ги покажала мерната станица Велес 2 на Министерството за животна средина.

Најголема причина за загадувањето на воздухот во градот  се домаќинства па потоа е сообраќајот и на крајот се индустриските капацитети. Со започнувањето на грејната сезона се зголеми и загадувањето на воздухот во градот - кажа градоначалникот  Аце Коцевски.


За единаесет месеци од годинава 88 дена имало надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10, што е 53 денови повеќе од дозволениот број на надминувања во текот на една календарска година. Според прописите тоа е дозволено   35 дена во текот на 12 месеци.

Градоначалникот Коцевски  потенцираше дека ниту еден ден годинава не бил надминат прагот на алармирање, кога два дена последователно вредностите се над  200 мг/м3 среднодневни просечни  концентрации на ПМ 10 честички.

Но затоа четири пати во 2020-та година  бил  надминат прагот на информирање, кога загадувањето на воздухот било над 100 мг/м3 два дена последователно, тоа се случило еднаш во јануари, три пати во ноември годинава.

Општина Велес упати препораки до граѓаните, рано наутро и доцна навечер да избегнуваат излегување надвор, да ги одложат сите активности на отворено, правилно да се користат печките за дрва, да се користи јавен превоз.

Како една од мерките за намалување на загаденоста на воздухот во градот, летово локалната власт   субвенционираше 35 семејства за набавка на инвертори, со плаќање на 50 отсто од трошоците за нивна  набавка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати