Да го селектираме отпадот, заради идните генерации, апелираат од ЈКП Дервен

Петар Печков

Несовесното фрлање на отпад на јавните површини, оставањето на комуналниот смет околу наменските поставени садови за отпад и оставањето на комуналниот смет во садовите за селектиран отпад доведува до штетно влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните. Сведоци на однесувањето на дел од велешани е видливо по јавните пворшини, околу контејенрите но и самите контејнери кои во многу случаи се оштетни.

„Ваквото однесување значително ги намалува резултатите од нашите напори за рециклирање, односно намалување на количините на отпад од стакло, хартија и пластика и електронски отпад. Имајќи во предвид дека за да се разгради пластиката како материјал се потребни стотици години, околу 500 години и при процесот на разградување се ослободуваат отровни материи, дека стаклото е практично неразградливо, дека со рециклирањето на хартијата може да се намали уништувањето на шумите и дека за повторна употреба на хартијата се троши 70% помалку енергија и вода отколку при производството на нова хартија од дрвна маса, како и фактот дека електронскиот отпад е неразградлив и токсичен и дека се акумулира во почвата, во воздухот и во водата и со тоа во организмот на човекот, подигнувањето на свеста кај граѓаните за правилно одлагање на овие видови на отпад во садовите за селектиран отпад е од непроценливо значење за здравјето на сите нас, од најстар до најмлад“ – потенцираат од ЈКП Дервен.

Од комуналното претпријатиел ги потсетуваат граѓаните,  отпадот од пластика, стакло, хартија и електронскиот отпад да го одвојат од останатиот комунален отпад и да го остават во најблискиот сад за селектиран отпад.

„Ве молиме да не оставате секаков отпад од домовите во садовите за селектиран отпад, ниту пак да оставате смет од домовите околу садовите за селектиран отпад“ – апелираат од ЈКП Дервен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати