Два милиони денари штета од пожарот кај Долни дуќани

Петар Печков

Два милиони денари е штетата од пожарот кој на 2-ри февруари ја зафати куќата на улица Стојан Јаниќиевиќ 10 со  450 м2 а уништена е целата покуќнина.

Општина Велес со 150 илјади денари, како еднократна помош ќе им помогне на четирите семејства Арсовски, Стефкови и Мехмет кој останаа на улица. Ова е одлука на Советот на општината а средствата ќе бидат распределени согласно проценетата штета за секоја фамилија посебно. Извештајот за проценетата штета ќе биде препратен до Владата, од каде најавија дека и тие ќе помогнат со дел од финаниски средства. Локалната власт на Велес ќе им ја плаќа станарината на четирите семејства ако тие решат да се сместат под кирија, додека се обезбедат услови за живеење во нивните домови, кои изгореа во пожарот.

Дваесет и четирите лица од семејствата чиј дом изгоре, се решиле засега да живеат кај свои блиски. Но, ако решат да живеат во станови под наем, трошокот ќе го плаќа Општина Велес, најави градоначалникот Горан Петров. Општината ќе помогне и со училиштен прибор за децата, а ќе се организираат и манифестации со кои преку доброволно ќе се соберат пари за поддршка, саботната Питијада. Од СВР Велес излегоа со информација дека причина за пожарот е ќумбето во кујната од горниот кат, по што била зафатена ламперијата па кровот и куќата на улицата Стеван Јаниќиевиќ бр.10.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати