Петар Печков
Објавено: вторник, 17 јуни 2025
Електричните тротинети, како понов вид на превезно средство, се почесто ги има и по главните велешки улици. ТрМр затоа ја праша велешката полиција, колку прекршоци има оваа категорија на граѓани, додека возеле електричен тротинет, за периодот април-мај.
„Во наведениот период, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Велес, имаат констатирано два сообраќајни прекршоци од возачи на електрични тротинети, за што се издадени соодветни прекршочни пријави“ – одговорија од СВР Велес, на поставеното прашање.
Во Македонија може да се управува електричен тротинет со наполнети 14 години. Се движат со дозволена брзина од 25 км/ч по велосипедска патека, 6 км/ч по пешачка патека-тротоар.