Петар Печков
Објавено: вторник, 24 јуни 2025
Пролетва велешката сообраќајна полиција одзеле два мопеди, поради преголемата бучава. Ова е одговорот на поставеното прашање oд ТрМр до СВР Велес, од 1 март до 15 јуни, колку казни се изречени заради погласен звук од моторите, од дозволеното?
„Во наведениот период, констатирани се два прекршоци од возачи на мотори поради предизвикување голема бучава. Во истиот период одземени се четири возила, од кои две заради предизвикување голема бучава и две поради непродолжена регистација“ – одговорија од СВРЀ Велес.
Со затоплувањето на времето, велешани се жалат на бучавата од моторите. И тоа од сите делови на Велес, без исклучок, дека во ноќните часови, се вози мопеди кои предизвиквуаат силна бучава.