Две пријави по вчерашниот пороен дожд и силниот ветер

Петар Печков

Поројниот дожд и силниот ветер, кој вчера попладне околу 18ч. го зафати Велес,  го поремети редовното живеење. Реки од вода ги преплавија главните улици, поради конфигурацијата на теренот, се слеа водата од високите делови во ниските. 

До Центарот за управуање со ркизи ситнале две реакции. Едната е за поплавена продваница а втората з ападант лим од четирикатница, над маркетот КАМ, кај пазарче во Нова населеба. Тој оштетил неколку моторни возила. Оштетана е и улицата Блеградска која требаше да се асфалтира, но поројнито дожд го однел тампонот.  За отстранување на лимот, бла побарана интервенција од велешките пожарникари.

 „На ден 18.06.2025 во 20:35 примена е дојава за паднат покрив врз паркирани возила. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно пп возило и три  пожарникари спасители. По пристигнување на лице место од наша страна одстранети се плеховите кој беа паднати врз возилата и оние што беа закачени на дрвата кој представуваа опасност за минувачите“ – соопштија од ТППЕ Велес.

 Според УХМР во текот на тој половина час, во Велес наврнало 13л/м2. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати