Две сообраќајки во велешко продолжениот празничен викенд

Петар Печков

МВР информираше за две сообраќајки кои се случиле во Велес, во време на продолжениот празничен викенд.

На 02.08.2020 околу 00.20 часот на регионален пат Велес -Извор на место викано „Пашин мост“ патничко моторно возило „волво“ со велешки регистарски ознаки управувано од Б.С.(53) од село Мелница излегло од коловозот. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот бил пренесен во Општата Болница во Велес за укажување на лекарска помош - пишува во соопштението на МВР.

На 31.07.2020 околу 14.45 часот на ул. Којник во Велес се случила сообраќајна незгода во која моторцикл „кивеј“ без регистарски ознаки управуван од Т.К.(45) од Велес удрил во паркирано патничко моторно возило„опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Л.П.(55) од Велес. Со возило на итна медицинска помош моторциклистот бил пренесен  во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител - соопштија од МВР.

За двата настани  увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причинети за несреќите.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати