Децата од градинките „Димче Мирчев“ во акција на езеро Младост засадија две илјади садници (фото)

Петар Печков

Децата од  Детската градинка „Димче Мирчев“ и Спортска Академија Јуниор денес ја пошумуваа околината на езеро Младост, која е во државнa сопственост. Bo  акцијата ,,Засади дрвце, засади радост” беа засадени две илјади садници. Децата беа во придуржба на нивните воспитувачи и негувателки, како и родителите и сите заеднички учестуваа во оваа масовна активност.   

„Ова беше вистинска прослава на природата.  Се чувствуваше позитивна енергија од моментот кога родителите и децата се собраа на локацијата. Дечињата, со насмевки на лицата, со ентузијазам научија за значењето на дрвјата преку сопствено искуство. Засадувањето не беше само физички чин, туку и манифестација на нивната посветеност кон животната средина. Гледајќи ги како со љубов и внимание садат дрвца, се создаваше чувство на заедништво и соработка. Се создаде  ,,Нашата волшебна шума”- порачаа од Детските градинки Димче Мирчев.

Нека овој настан биде само почеток на традиција со која  даваме можност на најмалите да ги  усвојат вистински вредности за природата!

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати