Диме Илиев добитник на актерската награда ,,Петре Прличко,,

Петар Печков

Актерот Диме Илиев од Драмски театар Скопје,  вчеравечер ја доби наградата ,,Петре Прличко,,. Во негова чест,  велешки театар  ја изведе претставата ,,Слуга на двајца господари,,.  Комисијата која ја доделува наградата образложи  дека ,,додавајќи го името Диме Илиев во портфолиото на актерската награда Петре Прличко придонесува таа да се маркира како листа од најрелевантни актерски имиња во рецентната македонска театарска стварност, глумци од „маштрапот“ на Петре Прличко,,.Комисијата која едногласно ја доделила наградата е во состав Сашо Димоски театролог, Талија Настова и Фаик Мефаилоски актери од велешки театар. 

Сите награди се значајни. Оваа е резултат на 44 годишна работа и на крајот еве се наградува. Мило ми е што наградата ми е признание од колегите. Велат наградите се за да фаќаат прашина, но прашината се брише наградите остануваат.  Има професии каде едвај чекаат да заминат пензија. кај нас кај актерите, се додека главата и нозете не` служат, може да се работи. Мене искрено многу тешко ми паѓа заминувањето во пензија, ама мора да се поднесе тоа. Ако им треба на некои режисери, тука сум - вели Илиев.   Се потсетува дека  пред 30-тина години во велешки театар игра во ,,Нажалена фамилија,, во режија на Димитар Станковски, заедно со Силвија, Катерина, Чоре, Игор..Жали што немал можност да игра со Прличко, иако приватно се дружел, посебно во Неготино, кгоа одлее во лов на риба на Вардар. 

Диме Илиев иако  роден  19 септември 1952, вели дека е неготинец, оти во Кавадарци бил само првите три дена од животот, кога се родил. Тој  е македонски театарски актер и режисер, неодамна пензиониран,  кои зад себе остава  преку триста седумдесет уметнички остварувања, од нив преку сто и педесет  ролји поголемиот број главни во театар, осум улоги на филм, осумнаесет телевизиски, како двесте радиодрамски улоги. 

 Се изненадив од бројката, но е поголема. Оти немам само 18 тв остварувања, тоа се крупни  тв филмови и серии и драми. Ако се бројат настапите во детските приказни, еуреки,  во  бројката е далеку поголема. Чудно е што кога ја одбивав актерката на града ,,Ристо Шишков,, во Струмица истураше дожд, така е и вечерва во Велес. Тоа некој знак е - рече Илиев. Ној како добитник на наградата ,,Петре Прличко,, доби златна плакета и парична награда од 500 евра. 

За своите актерски остварувања Диме Илиев ги добил следниве награди: најдобар млад актер за улогата на Младичот во ,,Црнила,,  Драмски театар 1977,  награда Ристо Шишков за улогата во претставата ,,Од првиот здив,, Драмски театар 1995,  награда за главна улога на ТВ фестивал во Порторож Словенија, за улогата во тв-филмот ,,Сослушување на железничарот,, РТВ Скопје 1976, најпопуларно ТВ лице за серијата ,,Наши години,, РТВ Скопје 1979, награда Актер на годината за 2015 која ја доделуваше Дневник  и награда за најдобро актерско остварување, машка улога на ФАД Стоби, за улогата на таткото во претставата ,,Евридика,,  Драмски театар 2013.

Досега   актерската награда ,,Петре Прличко,,  ја добија  Благоја Спирковски Џумерко, Емил Рубен,  Петар Мирчевски. Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов Дац , Александар Ѓоргиев, Милица Стојанова, Кирил Гравчев, Младен Крстевски.

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Акција за собирање на електричен и електронски отпад

Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон.

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

  • да, често
  • за викенд рекреација
  • нема патека
  • Велес не е град за велосипед, има угорници
Резултати