Добитникот на Почесното Рациново признание Полјакот Кавка вели дека Рацин е автор и на современиот човек кој бара правда (фото видео)

Петар Печков

Вчеравечер, втормник е врачено Почесното Рациново признание   на Полјакот  Маќеј Кавка  кое  го доби  за  афирмација и промоција на македонскиот јазик, литература и култура во странство, во неговиот случај во Полска.

За Кавка поезијата на Рацин не е поезија на очај,  туку поезија на будење, во неа има болка но и отпор, има темнина но и мугри, има тишина но и глас кој почнува да се слуша. Затоа за Кавка Рацин е автор и на современиот човек, кој бара  правда во еден суров и неправеден свет.  

„Коста Солев создаде поезија  и прашува дали можеме да ја видиме болката на другиот човек. Името на Рацин не е обично книжевно име,  тоа е личност кој во македонската култура означува почеток, отпор, достоинство и верба во моќта на зборот. Рацин покажа дека поезијата може да биде повеќе од уметност, таа може да биде сведоштво, совест и глас на оние чие страдање било долго премолчувано. Рацин во неговите песни не поставува прашања кои исчезнале, за достоинството, за неправдата, за сиромаштијата,  за надежта.  Во Бели мугри не ја опишува само социјалната стварност на една епоха, туку покажува што се случува со човекот кога неговиот труд понижен, гласот е замолчен“ – кажа добитникот Кавка при добивањето на признанието.   

На настанот се одржа и меѓународен поетски митинг со учество на поети од Турција, Бугарија, Србија и Македонија.  

фото Општина Велес 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати