Изложба на дела во дигитална техника „Имплозија и катарза“ од Филип Коруновски

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложбата „Имплозија и катарза“ од велешанецот  Филип Коруновски.  Тој се претставува со 28 дела, 27 се  дигитална графика а едно е видео сублимат на процесот на создавање, изработката на 27-те дела. 

„Концептот е заснован околу визуелана уметност. За да ја проширам идејата семтав дека има потеба од звучна подлога. Затоа со скенирањето на кју ар кодот на секое дело има анимација со музика,  компонирата, отсвирена  од мене. Така секој може интимно да го доживее секое дело.  Симулирајќи графички техники во современа технолошка средина, се обидов да создадам простор каде што рачното и дигиталното, минатото и сегашноста, се среќаваат и меѓусебно се преиспитуваат “ – кажа авторот Коруновски. 

Изложбата е дел од содржините на 63 Рацинови средби, но и дел од одбележувањето на јубилејот 80 години од   формирањето на Народниот музеј од Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати