И во наредните три години Велес ќе има Кино

Петар Печков

Кино ланецот Киноверзум од Свети Николе  доби да ја работи салата Бели мугри од Велес со намена за кино прикажување и во наредните три години. Ова го соопштија од локалната власт на Општина Велес, во чија сопственост е салата.

„Закупнината е определена во висина од 20.320 денари без вклучен ДДВ. Договорот почнува да важи од денот на солемнизација кај нотар и ќе трае три години. Договорот е склучен на ден 08.04.2026 година, а солемнизиран на ден 09.04.2026 година“ – пишува во одговорот на надлежните од Општина Велес, по поставеното прашање. 

„Киноверзум“ во Велес започна со прикажување филмови на 19 јануари 2023. Закупот на техниката и на салата беше на три години и заврши годинава, а месечната закупнина изнесуваше 30.707 денари без ДДВ. Салата „Бели мугри“ беше обновена и опремена со нова опрема, инвестиција од локалната власт во 2020 година вредна 76 илјади евра, но три години беше неискористена, немаше кино проекции. 

Деновиве на репертоарот се двата големи светски хита, најновито филм на Спилберг „Денот на разоткривање“ и хорор комедијата „Страшен филм 6“. 

„Киноверзум“ реши да  продолжи со прокажување на новите светски хит  филмови во Велес и покрај тоа што две години по ред бројот на посетители опаѓа. Тие со кино прикажувачка дејност се бават и во Штип и скопските населби Драчево и Кисела Вода.

фото Киноверзум

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати