Доделени дипломите на 40 завршени студeнти на Технолошко-технички факултет- Велес, дел од нив магистри

Петар Печков

Технолошко-технички факултет- Велес одржа свечена промоција на дипломирани студентите од прв и втор циклус академски студии.  Беа доделени дипломите на 40 завршени студенти, дел од нив и магистри.  Нив ги поздрави Деканот на Технолошко-технички факултет Велес, проф. д-р Татјана Калевска, која истакна дека денешниот свечен чин е резултат на  трудот и залагањето на дипломираните студенти, кои со завршување на факултетот стануваат вистински препознатливи стручњаци во областа, со стекнати знаења и искуства кои се составен дел од нивната личност.  

„Стекната диплома на нашиот факултет  е препознаена на пазарот на трудот и докажува дека дипломираните студенти имаат стручни компетенции за вработување, но и знаење за понатамошно усовршување, со која на дипломираните студенти им се отвораат многу можности во иднина. Продолжете да учите, стекнувајте нови знаења и на образованието секогаш гледајте како на полесен пат низ животот, нешто кое ќе ви даде сигурност, во секој момент, бидејќи образованието е влог во Вашата професионална самореализација и благосостојба“ – порача проф.д-р Калевска. 

Технолошко-технички факултет со седиште во Велес, е дел од Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. На факултетот кој има четири годишна настава,  има две насоки –нутриционаизам и  прехранбена технологија и биотехнологија. 

фото ТТФ Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати