Петар Печков
Објавено: вторник, 17 јуни 2025
Со донации од граѓани, компании, до денес Републичкиот Црвен крст на Македонија на настраданите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани исплатил 147.199.101 денари. Во периодот од 16 март до 16 јуни, вкупно биле собрани 153.931.166 денари.
„Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на 156 лица, поделени во пет категории, врз основа на направената проценка за степенот на повреди и прогнозата за нивното натамошно лекување, од страна на работната група на Министерството за здравство во вкупен износ од 39.750.000 денари“ – соопштија од Републичкиот Црвен крст.
Пртеходно во неколку наврати извршана е исплата на настрадани од пожарот во Кочани. Во следните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица за кои требало да се обезбедат потребни документи, односно изјави и согласност за користење на личните податоци, со оглед на тоа дека истите не се опфатени со досегашните исплати.
Во додаток сметките каде може да се донира за настраданите во Кочани.