Драмски театар со претставата „Ифигенија за ништо“ освои три од четирите награди нa 22 Фестивал на античка драмa

Петар Печков

Три од четирите награди на 22 Фестивал на античка  драма „Стоби“ се  за претставата „Ифигенија за ништо“ на Драмски театар од Скопје. За претстава, за режија и за женска ролја се наградите кои заминаа за Скопје, додека за машка улога за Куманово. Ова е одлуката на жирито во состав Јордан Витанов, Фаик Мефаилоски  Кристина Атанасова Арсова, кои  едногласно ги донеле одлуките за наградените.  

„Претставата е заокружен сценски чин во сите сегменти. Режијата вешто ги вклопува останатите сценографијата, костимографијата, светлото, вешто избраната музика, актерска игра,  што ја прави претстава релеватна за наградата која ја добива. Претставата ги демонстрира современите театарски изрази и практики, пред се во користењето на невербалните театарски техники“ ја образложи одлуката членката на жирито Атанасова Арсова.

„Благодарност за наградата, за жирито кое преопозна квалитет во еден поинаков сценски израз“ – рече режисерот Филип  Петковски, кому му припадна наградата за режија.

„Наградите го верификуваат нашиот труд, за се што сме вложиле. Ова беше прекрасно патување, нешто што е векови и векови старо, да се дрзнеме да го прочитаме современо, од наша перспектива“ – рече  актерката Јелена Жугиќ која за улогата на Клитемнестра ја доби наградата за женска ролја. 

„Наградата ми доаѓа како подарок за роденденот,  денес полнам 34 години. Процесот за подготовка на  улогата на Калигула траеше пет години, физички, ментално, емотивно“- рече Марко Трајковиќ кој за улогата на Калигула на Кумановски театар ја доби наградата за машка улога.

На ФАД годинава во официјална конкуренција беа и „Агамемнон -кругот на крвта“    продукција на Ла мама експерименталниот театар од Њујорк и „Нешто големо“ на Академија Медитеран од Лече Италија.  
 
Во чест на наградените, актерите на Штипски театар ја одиграа претставата „Лекција“. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати