Државниот инспекторат за животна средина најавува казни за истечениот мазут од кругот на Маслодајна

Петар Печков

Минатонеделното истекување на мазутот од резервоарот на велешка Маслодајна, кој следниот ден заврши во реката Вардар, нема да мине неказнето. Од Државниот инспекторат за животна средина  (ДИЖС)  најавуваат казни за сторителот, кого не го именуваат.  Надлежни инспектори од Струмица од ДИЖС, по барање на Општина Велес, во недостаток на општински инспектор за животна средина,  минатата среда направиле вонредна инспекција во ПИ „Благој Ѓорев“ во Велес. При инспекцијата биле утврдени неправилности.  

Изготвен е  записник за констатација од 17-ти јуни, на утврдените неправилности  согласно Закон за животна средина и Закон за управување со отпад. Од увидот е видливо истекувањето на мазутот како во кругот на инсталацијата така и надвор, во животната средина. За истите Државниот Инспекторат  за Животна Средина презема мерки и ќе се санкционираат согласно Законот за животна средина и Законот за управување со отпад - пишува   во писмената информација на Служба за комуникација со јавноста, по поставеното прашање, што надлежната инспекција констатирала при контролата во велешка Маслодајна. 

Инспекцијата од страна на државниот инспекторат била направена во фабриката за масло, Благој Ѓорев,  која е во постапка на добивање на „Б“ интегрирана дозвола, и во  надлежност на општинскиот инспекторат. Од ДИЖС дополнуваат,   бидејќи   општина Велес  немала овластен инспектор за животна средина, побарала писмено, по што  тие извршиле контрола  „ на загадувањето на животната средина, причинета при истекувањето на мазутот  кое е значително со  целосна инспекциска постапка за  утврдување на причините“.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати