ЕВН демантира „нашите вработени за вчерашниот пожар стигнаа за шест минути да ја исклучат струјата“

Петар Печков

ЕВН демантира, нивните вработени се постојано достапни во итни случаи. Ова по реакциите на соседите дека во текот на вчерашниот ден, екипите на ЕВН доцнеле, па пожарникарите работеле и гаснеле пожар, додека куќата која се запали на ул. Петар Делјан бр.3, била под напон, со струја.

„Вчера во 16:45 часот, од страна на Територијалната противпожарна бригада на општина Велес беше пријавен пожар на ул. „Петар Даљан“ бр.3 во Велес. Екипите на Електродистрибуција интервенираа итно, со што во 16:51 часот пристигнаа на лице место и веднаш го исклучија објектот од напон. Дополнително, од 16:00 часот до 22:00 часот, во КЕЦ Велес се активни дежурните екипи, а од 22:00 до 06:00 часот на располагање се дежурните екипи на повик. Со тоа, во секое време постојат екипи кои интервенираат за било која потреба во врска со дистрибутивната мрежа“ – информираа од ЕВН.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати