Една година затвор за сообраќајка која се случи кај Ногаевци

Петар Печков

Рамадани Ибраим доби  затвор оти со неговиот камион удри во пик ап, при што едно лице почина а другото беше тешко повредено.  Ибраим    го признал делото, изразил каење и жалење за стореното дело ,,Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,, по што судот го прогласил за  виновен.  

Во сообраќајката на лице место почина скопјанецот Бранко Крстевски   (58 год) додека сопатникот, со возачот  во пикапот Д.Ш ( 55 год) од Скопје поради специфичните повреди беше префрлен на лекување во скопските клиники.   Сообраќајката се случи на 22 ноември  во  7 часот на регионалниот пат  Велес- Градско во непосредна близина на село Ногаевци.

Според обвинението камион марка „Сканија“ со приклучно возило со кумановски регистарски ознаки излегувал од спореден земјен пат, од сепарацијата за песок кај село Ногаевци  и се вклучувал во сообраќај, не внимавал дека по главниот доаѓа   товарно возило марка „Цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, не го  пропуштил, по што пикапот удрил во камионот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати